Средно стручно училиште
АСУЦ "Боро Петрушевски" на град Скопје

Овој испит е наменет за учениците од четиригодишното средно стручно образование кои нема да полагаат државна матура. Целта на овој испит е добивање на сертификат за завршено четиригодишно средно стручно образование.
Завршниот испит се полага според посебни испитни програми кои се темелат на целите на наставните програми за соодветните наставни предмети.
Завршниот испит опфаќа:

  • задолжителен, се состои од еден наставен предмет и тоа: македонски јазик и литература или албански јазик и литература или турски јазик и литература.
  • изборен дел се состои од еден стручен наставен предмет, кој ученикот го избира од понудена листа на наставни предмети
  • проектна задача е проучување на проблем кој ученикот го избира од некој (некои) од наставните предмети или пошироко од образовните области.

Завршен испит-пријавување

Пријавувањето на завршниот испит треба да се изврши најкасно до 31 декември во тековната учебна година и притоа треба да се пополнат и донесат следниве документи:

Редовни ученици - Пријава за полагање на завршниот испит

Сообраќај, транспорт и складирање

ТПС-Техничар за патен сообраќај - модуларно
ТТШ-Техничар за транспорт и шпедиција - модуларно

Машинство

МТМВ-Машински техничар за моторни возила
ТВАП-Техничар за возила на алтернативен погон – Наставен план со зголемен број на часови по практична настава

Вонредни ученици

Вонредните ученици треба да ги пополнат и донесат сите документи кои се наведени погоре за редовните ученици, а притоа да донесат и една уплатница со уплатено 4100 денари (Втор изборен наставен предмет- 800ден.; Трет изборен наставен предмет - 800 ден.; Матурска проектна задача - 2500 ден.)

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

PP50 Уплатница

Спроведување на завршниот испит

Задолжителен наставен предмет

Македонски јазик и литература

СЕ ИЗБИРА ЕДЕН ОПШТООБРАЗОВЕН ПРЕДМЕТ ОД ПОНУДЕНИТЕ

Ученикот бира само еден наставен предмет од понудените:

Физика
Историја

За образовен профил МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Ученикот бира само еден наставен изборен пакет од понудените:

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 1

  1. Мотори со внатрешно согорување (материјал од втора и трета година)
  2. Моторни возила (материјал од трета и четврта година)

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 2

  1. Испитување и дијагностика на возила (материјал од трета година)
  2. Електроника (материјал од четврта година)

Преземи ја испитната програма

За образовен профил ТЕХНИЧАР ЗА ПАТЕН СООБРАЌАЈ

Ученикот бира само еден наставен изборен пакет од понудените:

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 1

  1. Организација на патниот сообраќај (материјал од трета и четврта година)

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 2

  1. Безбедност и регулирање во патниот сообраќај (материјал од трета и четврта година)

Преземи ја испитната програма

За образовен профил ТЕХНИЧАР ЗА ТРАНСПОРТ И ШПЕДИЦИЈА

Ученикот бира само еден наставен изборен пакет од понудените:

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 1

  1. Технологија на железнички транспорт (материјал од трета година)
  2. Технологија на патен транспорт (материјал од трета година)

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 2

  1. Комбиниран транспорт (материјал од трета година)
  2. Шпедиција и шпедитерско работење (материјал од трета и четврта година)

Преземи ја испитната програма

Матурска проектна задача (интерно ниво)
Проектната задача е составен дел од држаната матура, училишната матура и завршниот испит. Проектната задача, како составен дел од државната и училишната матура, претставува проучување на проблем што ученикот го избира од некои од наставните предмети или пошироко од образовните области. Проектната задача, како составен дел од завршниот испит, служи за проверка на практичната оспособеност на ученикот за вршење на работи од областа на струката.

Преземи ја испитната програма

Дополнителни информации

Концепција за завршен испит