Средно стручно училиште
АСУЦ "Боро Петрушевски" на град Скопје

Државната матура е наменета за учениците од гимназиското и четиригодишното средно стручно образование. Освен што претставува завршен дел од средното образование, таа служи и како критериум за селекција на кандидатите за упис на високообразовните институции. Испитот се спроведува според специјални испитни програми засновани на целите на наставните програми за предметите што се вклучени во листата за државна матура.

Државната матура се состои од три дела:

  • задолжителен,
  • изборен и
  • проектна задача.

Државна матура-пријавување

Пријавувањето на државната матура треба да се изврши најкасно до 31 декември во тековната учебна година и притоа треба да се пополнат и донесат следниве документи:

Редовни ученици - Пријава за полагање на државна матура

Сообраќај, транспорт и складирање

ТПС-Техничар за патен сообраќај - модуларно
ТТШ-Техничар за транспорт и шпедиција - модуларно

Машинство

МТМВ-Машински техничар за моторни возила
ТВАП-Техничар за возила на алтернативен погон – Наставен план со зголемен број на часови по практична настава

Интерна пријава за полагање на државна матура:

Сообраќај, транспорт и складирање

ТПС-Техничар за патен сообраќај - модуларно
ТТШ-Техничар за транспорт и шпедиција - модуларно

Машинство

МТМВ-Машински техничар за моторни возила
ТВАП-Техничар за возила на алтернативен погон – Наставен план со зголемен број на часови по практична настава

Пријавувањето на државна матура за редовните ученици е бесплатно

Вонредни ученици

Вонредните ученици треба да ги пополнат и донесат сите документи кои се наведени погоре за редовните ученици, а притоа да донесат и една уплатница со уплатено 4100 денари (Втор изборен наставен предмет- 800ден.; Трет изборен наставен предмет - 800 ден.; Матурска проектна задача - 2500 ден.)

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

PP50 Уплатница

Спроведување на државна матура

Задолжителен наставен предмет

Македонски јазик и литература

Прв изборен наставен предмет (екстерно ниво)

Ученикот бира само еден наставен предмет од понудените:

Математика
Англиски јазик

Втор изборен наставен предмет (интерно ниво)

Ученикот бира само еден наставен предмет од понудените:

Математика
Англиски јазик

Физика
Историја

Трет изборен наставен предмет/ изборен пакет (интерно ниво)

За образовен профил МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Ученикот бира само еден наставен изборен пакет од понудените:

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 1

  1. Мотори со внатрешно согорување (материјал од втора и трета година)
  2. Моторни возила (материјал од трета и четврта година)

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 2

  1. Испитување и дијагностика на возила (материјал од трета година)
  2. Електроника (материјал од четврта година)

Преземи ја испитната програма

За образовен профил ТЕХНИЧАР ЗА ПАТЕН СООБРАЌАЈ

Ученикот бира само еден наставен изборен пакет од понудените:

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 1

  1. Организација на патниот сообраќај (материјал од трета и четврта година)

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 2

  1. Безбедност и регулирање во патниот сообраќај (материјал од трета и четврта година)

Преземи ја испитната програма

За образовен профил ТЕХНИЧАР ЗА ТРАНСПОРТ И ШПЕДИЦИЈА

Ученикот бира само еден наставен изборен пакет од понудените:

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 1

  1. Технологија на железнички транспорт (материјал од трета година)
  2. Технологија на патен транспорт (материјал од трета година)

ИЗБОРЕН ПАКЕТ 2

  1. Комбиниран транспорт (материјал од трета година)
  2. Шпедиција и шпедитерско работење (материјал од трета и четврта година)

Преземи ја испитната програма

Матурска проектна задача (интерно ниво)
Проектната задача е составен дел од држаната матура, училишната матура и завршниот испит. Проектната задача, како составен дел од државната и училишната матура, претставува проучување на проблем што ученикот го избира од некои од наставните предмети или пошироко од образовните области. Проектната задача, како составен дел од завршниот испит, служи за проверка на практичната оспособеност на ученикот за вршење на работи од областа на струката.

Преземи ја испитната програма

Дополнителни информации

Концепција за државна матура и завршен испит
Правилник за државна матура
Правила за полагање