Автосообраќајниот училишен центар “Боро Петрушевски”, е модерен, современ, единствен и уникатен центар за образование на кадри од областа на патниот сообраќај во Република Македонија.
Во склоп на центарот има низа објекти во кои се остварува основната воспитно – образовна дејност, како и други дополнителни дејности.
Основната дејност на АСУЦ “Боро Петрушевски”, е образование на кадри од областа на сообраќајната, машинската и автотехничката струка, по пат на редовно и вонредно школување на македонски и албански наставен јазик.
Исто така, училиштето нуди можност за стекнување повеќе видови образование за возрасни:
специјализации од областа на патниот сообраќај и одржување на моторните возила
обуки и курсеви за стекнување компетенции и лиценци за вршење на дејноста во областа на патниот сообраќај и одржувањето на моторните возила
Покрај образовната, училиштето остварува и споредни дејности:
Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила
Центар за хомологација на моторни возила
Автосервис
Автошкола
Авто - полигон
Автоперална
Благодарејќи на добриот менаџмент и трпеливо и мудро раководење на раководните структури во училиштето, се придонесе да училиштето се осовремени и се насочува кон превземање на приматот на Регионален центар за обука на стручни кадри од областа на сообраќајот, машинството и автотехниката во Македонија и пошироко, што претставува реална и природна последица на подолгиот развоен процес и постигнатите резултати.