Ballina Category Blog Меѓународен проект во рамките на “Еразмус +” програмата
Меѓународен проект во рамките на “Еразмус +” програмата pdf Shtyp Email
nga Administrator   
E martë, 05 Prill 2016 11:49
Страната е во изработка

 

Нашето училиште учествува во партнерски проект под името Интегриран курикулум со практичната настава”.

Времетраењето на проектот е од 2014 до 2017 год. Партнери во проектот се училишта, ВЕТ центри и фирми од Австрија, Шпанија и Словенија.

Главна цел на проектот е да се развие модел за подобра соработка помеѓу училиштата и социјалните партнери/сервиси за возила, за практична обука

на учениците во областа на автомобилската мехатроника.

Планирани активности се следниве:

- анализа на слабостите на соработката на училиштата со социјалните партнери во различни земји,

- подготовка на основна рамка за соработка, со цел да се зголеми времетраењето на практичната обука,

- продолжување на избраните програми,

- пилот-проект во нашето училиште во една или две учебни години за мала група на ученици,

- следење на процесот на пилотирање,

- изработката на финалниот модел на соработка меѓу училиштето и социјалниот партнер.


Во рамките на проектот се планирани меѓународни средби во Грац, Велење, Љубљана, Елгоибар и Скопје, а инволвирани се: социјалниот партнер каде се реализира практичната обука, ученици и наставници од нашето училиште со планирани индивидуални активности меѓу кои се следниве:

- реализирање на дополнителни часови со учениците врз база на иновации и најнови достигнувања во областа на струката,

- проширување на наставната програма со најновите достигнувања во областа на автомобилската индустрија

- соработка со менторите во сервисот за возила и следење на напредокот на учениците

- анализа на резултатите и споредба на истите, со ученици кои не се учесници во проектот

-  реализирање на посети на други сервиси за возила, саеми и сл.

- реализирање на презентации од областа на автомобилската индустрија

- изработка на нов работен материјал

- учество во дисиминациски активности

- доставување на извештаи

 

Дел од работните активности преку фотографии:


Përditësimi E martë, 05 Prill 2016 12:44