Почетна Category Blog Упис на ученици за учебна 2024/2025 година
Упис на ученици за учебна 2024/2025 година PDF Print E-mail
Written by Administrator   
05.10.2024

 

О Г Л А С за запишување на ученици во прв уписен рок во I (прва) година во учебната 2024/2025 година

Врз основа на Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година објавен од страна на МОН, член 4 од Законот за изменување на законот за средното образование ( Сл. Весник на РМ 67/2017) како и Одлуката за интерен оглас за запишување на ученици во прв уписен рок во I година во учебната 2024/2025, Училишната комисија при Автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски “ на Град Скопје, на ден 03.04.2024 година донесе

О Г Л А С

за запишување на ученици во прв уписен рок во

I (прва) година во учебната 2024/2025 година

Во учебната 2024/2025 година во 1-ва година ќе се запишат вкупно 431 ученици во 14 паралелки според наставни планови и програми за :

Сообраќајна струка

· Техничар за патен сообраќај ........................................................................................................ 55 минимум поени

- на македонски наставен јазик:

34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење,

- на албански наставен јазик

34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење,

· Техничар за транспорт и шпедиција .......................................................................................... 60 минимум поени

- на македонски наставен јазик:

34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење,

- на албански наставен јазик:

34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење,

· Возач на моторно возило (во соработка со компании - дуално образование) ..............................30 минимум поени

- на македонски наставен јазик:

25 ученика во 1 паралелка со 3 години траење,

- на албански наставен јазик:

25 ученика во 1 паралелка со 3 години траење,

Машинска струка

· Машински техничар за моторни возила .................................................................................... 45 минимум поени

- на македонски наставен јазик:

34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење,

- на албански наставен јазик:

34 ученика во 1 паралелка со 4 години траење,

· Техничар за возила на алтернативен погон (во соработка со компании - дуално образование) 45 минимум поени

- на македонски наставен јазик:

25 ученика во 1 паралелка со 4 години траење,

- на албански наставен јазик:

25 ученика во 1 паралелка со 4 години траење,

· Автомеханичар ................................................................................................................................ 30 минимум поени

- на македонски наставен јазик:

34 ученика во 1 паралелка со 3 години траење,

· Каросериски механичар .................................................................................................................30 минимум поени

- на албански наставен јазик:

34 ученика во 1 паралелка со 3 години траење

· Монтер на мотори и моторни возила (во соработка со компании - дуално образование).............30 минимум поени

- на македонски наставен јазик:

25 ученика во 1 паралелка со 3 години траење,

Електротехничка струка

· Автоелектроничар ...........................................................................................................................30 минимум поени

- на македонски наставен јазик

34 ученика во 1 паралелка со 3 години траење

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Услови за запишување се:

- да имаат завршено основно образование;

- да не се постари од 17 години;

- да се определиле за план и програма за еден од профилите утврдени со овој ОГЛАС;

- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој ОГЛАС.

Потребни документи за запишување:

- пријава за запишување – (пријавата за запишување ја изготвува МОН и ја објавува на официјалната веб страница)

- оригинални свидителства од VI до IX одделение;

- дипломи (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје,

- извод од матична книга на родените (без оглед на датум на издавањето),

- изјава дека ученикот го прифаќа Куќниот Ред на Училиштето;

- учениците државјани на Р.С. Македонија кои го завршиле основното образование во странство треба да достават нострифицирани документи;

- учениците кои се во постапка за стекнување на државјанство на Р. С. Македонија поднесуваат со документите и потврда од Министерството за внатрешни работи.

НАПОМЕНА: Потребните документи за Упис да не се праќаат по пошта.

Запишувањето се врши електронски, а по објавувањето на ранг листата, учениците кои се на листата лично ја доставуваат потребната документација во училиштето (ученикот т.е. родителот или старателот).

КОНКУРСЕН РОК

- Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на МОН (https://e-uslugi.mon.gov.mk) со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk

- Електронско пријавување ............................................од 20.06.2024 (до 24 часот) до 25.06.2024 о 15 часот),

- Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 20, 21 и 24.06.2024 (од 07,00 до 17,00 часот) и на 25.06.2024 год (од 07,00 до 15,00 часот)

- Конечна ранг листа со резултати и слободни места ……26.06.2024 г (до 09,00 часот на огласна табла и на www.asuc.edu.mk)

НАПОМЕНА:

- Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, електронски на 21 август 2024 година (од 00,00 часот до 15,00 часот) на интернет страницата (https://e-uslugi.mon.gov.mk). Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 21.08.2024 г (од 07,00 до 17,00 часот)

КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИ

- Среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

(општиот успех од VI, VII, VIII и IX одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10) – најмногу 50 поени

- Среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката – ученикот може да добие максимум 20 поени – 5 поени за секој предмет) - (за машинска, сообраќајна и автотехничка струка – математика и физика)

- За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:

за освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени;

за освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

- Средна вредност од поени добиени за поведение, ученикот може да добие најмногу 5 поени.

(примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро со 3 поени и незадоволително со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од VI, VII, VIII и IX одделение поделени со 4).

Доколку ученикот има повеќе награди се вреднува највисоката награда.

Учениците по сите критериуми утврдени со овој оглас може да добијат најмногу 80 поени.

 


Училишна комисија при

АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје

__________________________

 

Last Updated on 05.13.2024