Почетна
АСУЦ
ПРОЕКТ за размена на наставници (VETPRO) PDF Print E-mail
02.20.2013

ПРОЕКТ за размена на наставници (VETPRO) -

Споредување на образовните програми, курикулуми и методи во наставата помеѓу стручните училишта од областа на електромашинската и сообраќајната струка

во рамките на Леонардо да Винчи, Проект за мобилност во рамките на Програмата доживотно учење

 

Во проектот се вклучени 10 наставници, а земји партнери во проектот се Средни стручни училишта од Шведска и Естонија. Во рамките на проектот е реализирана посета на Средно стручно училиште од Монлуке, во близина на Гетеборг-Шведска, во периодот од (11-18).11.2012 год., од страна на 5 наставници од нашето училиште – дипломирани машински и сообраќајни инжинери.

Повеќе...
 
ПОДГОТВИТЕЛНА ПОСЕТА ВО Севиља и Кадис, ШПАНИЈА PDF Print E-mail
02.20.2013

ПОДГОТВИТЕЛНА ПОСЕТА ВО Севиља и Кадис, ШПАНИЈА

 

Со цел реализирање на преговори за нов иден проект под името Следење на процесите кај мехатронските системи кај современите моторни возила, реализирана во период од (10-14).12.2012 год.

Повеќе...
 
Медиумите и реалноста PDF Print E-mail
02.19.2013

Анкета

Медиумите и реалноста: пријатели или две страни на светот

(се разликуваат ли реалноста и медиумските стории?)

Со цел оспособување на учениците да бидат одговорни корисници и креативни создавачи на медиумски продукти на почетокот на проектот „Медиумите и реалноста – сојузници или противници“ беше спроведена анкета на репрезентативен примерок од ученици кои на доброволна основа беа мобилизирани за учество во проект во чија основа лежи вклученоста на учениците. Преку анализата на анкетниот прашалник беше констатирано дека најголем дел од учениците имаат сознанија за активностите на АЦЕС Академијата како резултат на претходните искуства на нашето училиште и се искажаа дека тие би сакале да бидат дел од проект поддржан од оваа организација.

Повеќе...
 
РЕК „Битола“ Влијание врз животната средина Александар Велиновски I PDF Print E-mail
10.18.2012

Постојат голем број анализи за влијанието на РЕК „Битола“ врз животната средина, кои докажуваат дека ги нарушува основните биолошки параметри во еколошкиот систем.

Енергијата е главен извор за основната човекова егзистенција и има главно место во економскиот и во социјалниот развој, како и за подобрување на квалитетот на живеење. Таа претставува основен извор на емисија на штетни материи. Најголем производител на електрична енергија во Република Македонија е РЕК „Битола“ и претставува столб на електроенергетскиот систем во нашата земја.

Повеќе...
 
Известување за уплата на надоместок за јавни патишта PDF Print E-mail
02.06.2013

Предмет : Известување

Почитувани,

Согласно постапката за регистрација на возила  Би сакале да ве известиме за следново.

Повеќе...
 
Реализирање на активностите од ЕКО програмата за 2011-2012 PDF Print E-mail
10.18.2012

Проектот на МОН „Интеграција на еколошката едукација во образованието“ во АСУЦ „Боро Петрушевски“ започна да се реализира во учебната 2011/2012 година. Како дел од овој проект започнавме да планираме и реализираме активности од Екологијата со крајна цел да конкурираме за добивање на зелено знаме во Септември 2012. Активностите ги креиравме според станадрдите за Еко училиште доделени од невладината организација ОХО и МОН. Нашето училиште и пред да биде дел од овој проект од областа на Екологијата спроведуваше различни активности со учениците.

Повеќе...
 
«StartPrev12345NextEnd»

Page 4 of 5